Background

ОВА Е ДЕВОЈКАТА СО КАЦИГАТА КОЈА ГО ПРЕДИЗВИКА ПОЖАРОТ ВО БАРОТ ВО КРАН МОНТАНА

Младата Сијан Панин (24) е девојката со кацигата, за која се верува дека ненамерно го предизвика катастрофалниот пожар во швајцарското зимувалиште Кран Монтана во новогодишната ноќ, качена на рамениците на маскиран маж и со високо дигнати раце во кои носеше пијалаци со огнени прскалки, кои го потпалија таванот обложен со сунѓер. Во пожарот загинаа 40 лица, меѓу кои и таа, а над 100 се повредени.

Нејзините родители велат дека „сонцето не изгреало во 2026 година“.

Панин во кобната вечер била целосно несвесна за опасноста, а нејзиниот несмасен потег го виде целиот свет на снимките што излегоа по трагедијата.

- Advertisement -
Ad image

Светската јавност се прашуваше која е оваа жена и дали преживеала? Сега е потврдено дека девојката со кацигата е Сијан Панин, која беше погребана пред 3 дена.

Весникот „Тагес-Анцајгер“ во вчера објави дека редакцијата ги има записите од испрашувањето на брачната двојка Морети, сопственици на барот „Констеласион“. Од нив произлегува дека двајцата недвосмислено ја идентификувале жената од фотографиите, затоа што им била многу блиска.

Според записникот, Жак Морети (49) изјавил дека се обидел да влезе во барот откако избувнал пожарот. Ова не било можно преку главниот влез. Само преку вратата за помош успеале да влезат тој и еден придружник. Сепак, таа врата била заклучена одвнатре, а зошто биле заклучени, Морети не можел да објасни. Зад вратата, пронашле неколку луѓе како лежат неподвижни на подот и ги извлекле надвор, вклучувајќи ја и младата келнерка.

– Повеќе од еден час се обидувавме да ја реанимираме, сè додека спасувачите не ни кажаа дека е предоцна – рече Жак Морети.

Сопственичката на барот Џесика Морети (40) им раскажала на полицајците за неа дека ѝ била како помлада сестра.

– Го помина Божиќ со нас. Јас сум целосно скршена – кажала таа.

Швајцарскиот „Блик“ ја контактираше адвокатката Софи Хени, која го застапува семејството на Панин.

– Моите клиенти загубија ќерка, сестра. Им беше одземена сакана личност, прекрасна млада жена. Панин е несомнено жртва на овие трагични настани. Таа почина во цветот на младоста. Сите нејзини соништа се уништени – кажала Хени.

Дали Панин навистина го предизвика пожарот, семејството не може да потврди додека не заврши истрагата.

– На 31 декември нејзината задача беше да ги пречека гостите на приземјето и да ги распореди на масите. Не беше планирано да ги служи гостите. Г-ѓа Џесика Морети ја замоли, поради големиот број нарачани шишиња, да слезе во подрумот за да им помогне на колегите – рече адвокатката.

Панин го следела тоа упатство и работела во присуство на сопственикот на барот.

– Таа е без сомнение жртва. Многу е веројатно дека пожарот избувнал поради голем број свеќи што гореле во исто време на истото место. Истрагата ќе треба да го утврди тоа. Смртта на 40 лица можеше да се спречат доколку се почитуваа безбедносните стандарди и се спроведување контроли. Сијан Панин не сноси никаква одговорност. Особено е трагично што та никогаш не била предупредена за опасноста од таванот, ниту пак добила никаква обука во областа на безбедноста – вели адвокатката.

Фото: Социјални мрежи

 

Нејзините родители зборуваа за француската телевизија „Франс 3“.

– Таа не беше само убава однадвор, туку имаше и убаво срце и прекрасна душа – рекла мајката.

Родителите не можат да разберат зошто вратата што можеше да спаси животи била заклучена.

– Секако дека сакала да избега. Таа, исто така, сакала да им помогне на гостите да излезат, но за жал, ја имаше таа врата што не можеше да се отвори – рекол таткото.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation