Отворена е кривична истрага против двајцата сопственици на барот што изгоре во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана, при што загинаа 40 лица, соопшти денеска полицијата.
– Тие се обвинети за убиство од небрежност, предизвикување телесни повреди од небрежност и предизвикување пожар од небрежност. Треба да се напомене дека презумпцијата на невиност се применува сè додека не се донесе правосилна пресуда – соопшти полицијата на кантонот Вале, каде што се наоѓа Кран-Монтана.
Првичните резултати од истрагата за пожарот на новогодишната ноќ укажуваат на тоа дека пената на таванот се запалила поради искри од „прскалки“ кои биле поставени на шишиња со пијалак. Пожарот се проширил за многу кратко време. Покрај загинатите, 119 лица се повредени, повеќето сериозно.
Експертите за заштита од пожари веќе покренаа прашања за тоа дали барот имал доволно излези за итни случаи и дали материјалот на таванот, најверојатно поставен за звучна изолација, бил во согласност со законот.
Сопствениците на барот, брачниот пар од Франција Жак и Џесика Морети, изјавија за медиумите дека се скршени од трагедијата и дека соработуваат со властите за расветлување на катастрофата.
– По завршувањето на првичните истраги, кои беа спроведени под надзор на јавното обвинителство на Вале, синоќа беше отворена кривична истрага против двајцата управители на барот, наведува полицијата. (МИА)
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖