Во КПУ Затворот Струмица денеска се одржа венчавка на осудено лице кое во моментот издржува казна затвор.
Овој чин беше спроведен под покровителство на директорот на установата, Зоран Ристов, и заменик-директорката, Наташа Лазарова Донева, во насока на почитување на основните човекови права и обезбедување правна сигурност на сите лица, без исклучок.
„Со регистрацијата, лицето се стекна со правен идентитет, што претставува предуслов за користење здравствени, образовни и социјални права, и значаен чекор кон неговата ресоцијализација. Овој настан е резултат на успешна координација помеѓу Затвор Струмица , стручните служби и релевантните институции, а претставува и јасен показател дека и во пенитенцијарниот систем постои ангажман за унапредување на хуманоста, инклузивноста и правичноста“, информира Управата за извршување на санкции.