Топ Вести - Слушај сега
Остатоци од соборен дрон запалија висококатница во Кувајт сити, главниот град на Кувајт. Огромен пожар избувнал во зградата, а делови од градот биле обвиени во густ чад. Нападот е дел од израелските ноќни напади врз Кувајт, Техеран и Бејрут.
Кувајтското Министерство за одбрана соопшти дека штетата настанала поради паднати остатоци од пресретнат летачки објект.
„Некои цивилни објекти претрпеа материјална штета како резултат на паднати остатоци и шрапнели од операциите за пресретнување“, кажа портпаролот на Министерството за одбрана на Кувајт.
По нападите следуваше остра изјава од американскиот претседател Доналд Трамп. Тој ја отфрли можноста за преговори со Иран. Откако Техеран го одби неговиот повик за безусловно предавање, Трамп порача дека разговори се можни само по целосен воен пораз на Иран.
– Мислам дека во еден момент нема да остане никој кој ќе каже „се предаваме“ – рече Трамп.
Тој ги отфрли и заканите дека САД ќе платат висока цена.
– Не знам за што зборуваат. Тие се веќе поразени. Секој елемент од нивната војска е уништен. Целото раководство им е уништено. Нема нешто што не е уништено. Победуваме на нивоа какви што не се видени досега – кажа Трамп.
Сајтот „Аксиос“ објави дека САД и Израел разговарале за можна операција со специјални сили во Иран. Според четири добро упатени извори, целта би била обезбедување на иранските залихи на збогатен ураниум во подоцнежна фаза од војната.
Истовремено жестоки напади го потресоа Техеран. Израелската војска бомбардирала нафтени рафинерии во иранската престолнина. По ударите избувнал огромен пожар. Огнот се проширил долж еден од булеварите. Над делови од градот се издигнувал густ чад.
Израелската војска потврди дека извела напад и во Бејрут. Цел биле заповедници на либанскиот огранок на Иранската револуционерна гарда.
Израел не ги објави погодените локации. Но, либанското министерство за здравство соопшти дека четири лица загинале при напад врз хотел во центарот на градот. Во објектот биле сместени бегалци.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
