Останува проблемот со уплатата на донации по објавата на изборните резултати

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Навременото и соодветно менување на Изборниот законик ќе придонесе за организирање на подобри избори, смета амбасадорката на Швајцарија, Вероник Хулман. Таа денеска присуствуваше на конференцијата за финансиска отчетност на изборите, организирана од Државниот завод за ревизија, Мисијата на ОБСЕ и ИФЕС.

– Швајцарија долги години го поддржува доброто владеење во Северна Македонија. Организирањето слободни, правични и демократски избори е од голема важност. Се надеваме дека препораките од Венецијанската комисија и заклучоците од Државниот завод за ревизија ќе бидат земени предвид при измените и дополнувањата на Изборниот законик. Соодветното и навременото менување на Изборниот законик ќе придонесе за организирање на подобри избори. Се надеваме дека тоа ќе се случи навреме – изјави амбасадорката Хулман.

Според Државниот завод за ревизија, остануваат системските слабости во делот на уредувањето на начинот на уплата на донациите, каде е оставена можноста донациите да бидат уплатени кај победникот на изборите, а не кај сите подеднакво.

– Нема поголеми прекршувања во претседателските и парламентарните избори. Клучната констатација на ДЗР е дека 77 проценти од платеното политичко рекламирање за претседателсите избори се финансира од Буџетот на државата преку ДИК, додека за парламнетарните избори е околу 67 проценти. Остануваат и понатаму состојбите кои треба да се надминат во делот на системските слабости, како што е уредувањето на начинот на уплата на донации по објавување на конечните резултати. Нашето законодавство дозволува по објавување на конечните резултати, одредени правни и физички лица да плаќаат донации, а секако кога веќе ќе се знаат резултатите, останува можноста секој кој е заинтересиран, да уплати на победникот –  изјави главниот државен ревизор Максим Ацевски.

Ацевски е задоволен од отчетноста на политичките партии, Рече дека од повеќе од 60 партии, само 4 не ги испочитувале законските рокови за поднесување на финансиските извештаи и на извештаите за донации.

– Од повеќе од 60 партии, само 4 се блокирани за средствата што ги добиваат од буџетот што е огромен успех. Само неколку партии останаа блокирани со одлука на министерот за правда затоа што не ги испочитуваа законските рокови, иако беа навреме известени од страна на ДЗР дека треба да ги почитуваат законските рокови – рече Ацевски.

Во Македонија во октомври треба да се одржат редовни локални избори.

Share This Article