Background

Осомничен за педофилија од Волково, Скопје, заврши во притвор

Осомничен за педофилија од Волково, Скопје, заврши во притвор.

„Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека вршело други полови дејствија врз девојче родено во 2020 година, дело казниво според член 188 став 5 од Кривичниот законик. Осомничениот 24-годишник, во неговиот дом во Волково, неколку пати извршил полови дејствија кои што не се состојат во вагинална, анална или орална пенетрација, врз оштетеното дете, со кое е во роднинска врска. Тој го користел моментот додека девојчето било во неговиот дом, затоа што живееле во одвоени куќи во ист двор, а потоа и се заканувал да не му кажува на татко ѝ бидејќи ќе ја караат и ќе ја тепаат“, соопшти Јавното обвинителство.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд достави предлог за определување мерка притвор, особено имајќи ја предвид можноста за остварување контакт со детето и потребата за заштита на жртвата од осомничениот, се додава во соопштението.

„Воедно, Обвинителството ги ценеше и околностите кои укажуваат на опасност од бегство и можноста да влијае врз постапката. Судот ја прифати ваквата аргументација и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена“, соопшти Обвинителството.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation