Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 39-годишен жител на Петровец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело „телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1“ од Кривичниот законик

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 39-годишен жител на Петровец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело „телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1“ од Кривичниот законик.

Како што информира ОЈО, вчера при вршење семејно насилство тој телесно го повредил неговиот татко. По кратка вербална расправија, започнал агресивно да се однесува, да го удира татко му со шлаканици по лицето, а потоа се нафрлил и кон својата мајка, ја турнал на подот и почнал да ја влече за нозете по подот, па ја однел кон кујната и врз неа истурил шише вода.

„Имајќи предвид дека против истиот осомничен веќе е поднесено обвинение за продолжено семејно насилство и нанесување тешка телесна повреда на неговата сестра, предмет кој е во фаза на судење и во кој му се определени мерки на претпазливост кои обвинетиот очигледно не ги почитува, јавниот обвинител сега побара на осомничениот да му биде определена мерка притвор“, соопшти ОЈО.

Share This Article