Основниот суд во Тетово одлучи претседател на Алијансата за Албанците да биде Зијадин Села.
„Во судски регистер на Политички партии под РПП.бр.1/24 што се води пред Основен суд во Тетово се запишува: Промена на Претседателот, во иднина за Претседател на партијата се именува Зијадин Села ул. Ливада бр. 1 од Струга, наместо на досегашниот претседател на партијата Арбен Таравари од Гостивар ул. Борче Јованоски бр. 66. Судот од овие причини го прифати предлогот за разрешување на Претседателот на партијата Арбен Таравари од Гостивар“, се наведува во одлуката.
Според оваа одлука, печатите на партијата се пренесуваат на Зијадин Села.Решението на судот е донесено на 20 јануари 2025 година, а според него, Таравари има право на жалба на одлуката до Апелациониот суд во рок од 15 дена.