Background

Основниот суд во Куманово го продолжи за уште еден месец, четврти пат по ред, притворот на градежната инспекторка која беше приведена во ноември поради примање поткуп

Основниот суд во Куманово го продолжи за уште еден месец, четврти пат по ред, притворот на градежната инспекторка која беше приведена во ноември поради примање поткуп. Семејството на осомничената го обвини судот за тортура бидејќи сметаат дека нема веќе причини за притвор бидејќи истрагата е завршена, а за неколку дена е закажано и првото судско рочиште.

Покрај тоа семејството посочи дека осомничената има неколку посети на болница, има и хронични болести и болнички уверенија дека не може да се лекува во затворски услови.

– Кумановскиот суд сето тоа го заташкува и донесува одлуки во нечиј личен интерес, а не во интерес на законот. Веќе 4-ти месец го крши законот и врши тортура врз мојата мајка и нашето цело семејство. Дали ова е начин да се прикрие вмешаноста на некој од судиите и дали се плашат дека ќе излезе и изнесе некои информации ако биде пуштена во куќен притвор – изјави Нена Трајковска, ќерка на осомничената, на прес конференција пред кумановскиот суд.

- Advertisement -
Ad image

На почетокот на истрагата, притворот е определен поради можност од влијание на сведоци и истрага. Од обвинителството соопштија дека го барале притворот затоа што сметаат дека мерката е неопходна поради сериозноста на случајот. Досега во истрагата се преземени потребните дејствија за да обвинителниот акт биде издржан, изјавил за МТВ обвинителот од Куманово, Зоран Марковски.

Градежната инспекторка вработена во општина Куманово беше уапсена на почетокот на ноември поради барање мито од познат градежник во Куманово.

„На 25.9.2024 година граѓанин пријавил дека овластениот градежен инспектор Л.Т вршела контрола на објект што тој го градел и на записник констатирала отстапување од одобрението за градбаење. За да не му издаде решение за запирање со градење и да не му поднесе соодветна пријава до надлежното ОЈО или суд, му побарала поткуп. Најпрво сума од 1.500 евра, за на 31.10.2024 година да ја покачи сумата за поткуп на 4.000 евра. На оштетениот му се дадени технички обработени пари, кои тој денеска во ресторан во Куманово и ги дал на Л.Т.. Откако Л.Т. ги зела парите, била лишена од слобода од страна на полициски службеници при СВР Куманово“, соопшти кумановската полиција.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation