Background

Оскаровката ги избегнала сексуалните предатори во Холивуд благодарение на моќта што ја стекнала на млада возраст

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Напасниците користат сè што можат за да манипулираат и да ги натераат другите луѓе да го прават она што првиве сакаат тие да го прават, смета Џоди Фостер, позната актерка и режисерка, која во неодамнешното интервју за NPR откри дека таа веројатно успеала да избегне ситуации на сексуално вознемирување во Холивуд благодарение на моќта што ја стекнала на млада возраст.

- Advertisement -
Ad image

Нејзината номинација за Оскар кога имала само 12 години, во 1977 година за улогата во „Таксист“ на Мартин Скорсезе, била клучна пресвртница што смета дека ја заштитила од предаторите во филмската индустрија.

– Навистина морав да го испитам тоа – како се спасив? Секако, имаше микроагресии, се присети подоцнежната двократна добитничка на „Оскар“.

– Секој кој бил на некакво работно место, имал искуство со мизогинистички микроагресии. Тоа е само дел од тоа да се биде жена, нели? Но, што ги спречи оние полоши, ужасни искуства? Она во што почнав да верувам е дека имав одредена моќ додека имав, да речеме – 12 години. Значи, кога веќе ја имав мојата прва номинација за „Оскар“, бев дел од таа различна категорија луѓе кои имаа моќ и бев „премногу опасна“ за да ме допрат – појасни Фостер.

Таа вели дека, сепак, сето тоа можеби се должи и на нејзината личност.

– Тоа што сум човек кој пристапува кон светот размислувајќи со своја глава. Многу е тешко емоционално да ме манипулирате, бидејќи не функционирам со емоциите на површина. Напасниците користат сè што можат за да манипулираат со другите луѓе, а тоа е многу полесно кога лицето е помладо, послабо, кога нема моќ. Токму тоа е однесувањето на напасникот – користење на моќта за да се понижат луѓето, за да се доминира врз нив – изјави „оскаровката“.

Фостер подоцна ќе стане пример за другите колешки и колеги кои се бореле со сексуализацијата и вознемирување во индустријата. Натали Портман во друга прилика откри дека повозрасната колешка ѝ се јавила откако ја слушнала како зборува за проблемите со сексуализацијата.

– Одржав говор на Женскиот марш за тоа како бев сексуализирана како млада актерка, и таа ме контактираше после тоа. И разговаравме, и беше неверојатно. Таа е сè уште пример за сите – нагласи Портман.

Слично како Фостер, и Портман имала 11 години кога ја добила улогата со која се прослави во „Леон: Професионалецот“, по што опасностите од сексуални напасници биле на секој чекор.

Портман вели дека како дете-актер постојано била следена од нејзината мајка која се грижела никој да не ѝ се приближи и додаде дека со таквите појави нема шега – секоја закана од сексуално вознемирување ја сфаќала сериозно.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation