Background

Орбан ќе ја чисти репресивната машинерија на Брисел по априлските избори

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан во годишното обраќање до нацијата истакна дека Европа првпат од пронаоѓањето на парната машина е надвор од големите светски промени и оти 21-от век ќе биде „век на понижување на Европа“.

- Advertisement -
Ad image

Тој синоќа потенцира дека тоа што минатата година го тврдел сега се остварило. Орбан во минатогодишниот говор наведе дека унгарската влада, како сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, ќе биде на „главната улица на историјата“ додека политичките противници „ќе скитаат по споредните улици“.

Според него, Трамп повел револуција против либералните елити, а Унгарија се придружила.

– Морам да признам дека завршивме само половина од работата: репресивната машинерија на Брисел сè уште работи во Унгарија и ние ќе ја исчистиме по априлските избори. Маскирани во организации на граѓанското општество, купени новинари, судии, политичари, алгоритми, бирократи, вртат милиони евра, тоа денес е Брисел во Унгарија – истакна Орбан.

Тој посочи дека треба да се цени пријателството на САД бидејќи Вашингтон ја разоткрива цензурата на Европската комисија. Орбан се повика на американски извештај во кој се наведува дека Европска комисија наводно вршела притисок врз социјалните мрежи да цензурираат содржини, вклучително и за време на изборите во Романија и во Молдавија.

Орбан наведе и дека „Европа одлучила да тргне во војна до 2030 година“.

– Ова ќе бидат последни избори (во Унгарија) пред војната. Брисел одлучи да ги порази Русите во Украина, а надвор од Унгарија, војна се подготвува низ цела Европа – посочи унгарскиот премиер.

Тој во говорот се осврна и на Украина, потенцирајќи дека Будимпешта нема да испрати ниту пари ниту оружје за Киев.

– Европа се вооружува и испраќа упатства до своето население што да прави во случај на војна, додека на Украина ѝ испраќа големи суми пари во форма на заеми. Украина само голта пари. Никој не може да одговори на прашањето како да се победи нуклеарна сила без да се користи нејзиното нуклеарно оружје – истакна Орбан.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation