Топ Вести - Слушај сега
Премиер на Унгарија Виктор Орбан испрати војска на 75 локации за да ја заштити енергетската инфраструктура на земјата од можна украинска саботажа поради тензиите околу руските енергетски резерви и од терористички акции поради војната на Блискиот Исток.
Во видео објавено на мрежата Икс , Орбан вели дека поради конфликтот на Блискиот Исток, терористичката закана во Европа е зголемена и дека е одлучено да се зголеми присуството на полицијата и војската на јавни места.
– Во ваква ситуација, мирот и безбедноста на Унгарија се најважни, затоа и Советот за одбрана постојано е на седница – вели тој.
Според него, причината за ова е најавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ќе го спречи доаѓањето на руска енергија во Европа.
– Секој енергетски објект што користи руска енергија може да стане цел на украинска саботажа – вели Орбан.
Тој е сигурен дека нема да дозволи на Унгарија да ѝ се случи Северен тек.
-Гасоводот Северен тек беше дигнат во воздух од Украинците, затоа решивме дополнително да ја зајакнеме заштитата на унгарските енергетски објекти на 75 локации – рече тој.
Унгарската влада, исто така, одлучи да формира посебна истражна комисија што ќе ја провери состојбата на нафтоводот Дружба, кој носи руска нафта во Централна Европа. Тој , како што рече, Унгарија го моли украинскиот претседател Зеленски да им дозволи на унгарските инспектори да влезат во Украина за да ја проверат ситуацијата на терен.
– Унгарија нема да дозволи да биде уценувана. Ќе се спротивставиме на украинската уцена, ќе ја пробиеме нафтената блокада – рече тој и додаде дека „додека не се реши спорот, Унгарија ќе ги блокира сите одлуки на Европската Унија што се важни за Украина“.
Спорот меѓу Будимпешта и Киев се засили по прекинот на испораките на руска нафта преку нафтоводот Дружба, кој поминува низ Украина и ги снабдува Унгарија и Словачка.
Tagged as:
Орбан испрати војска да ги чува клучните енергетски објекти на Унгарија
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
