Background

Орбан бара одговорност за смртта на Унгарец наводно претепан од украински регрути

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, остро ја осуди присилната мобилизација во Украина, повикувајќи се на случајот со 45-годишниот Жожеф Шебештијен од Закарпатија, за кого се тврди дека починал откако бил претепан од украински регрутери, објави порталот Ремикс.

Говорејќи на Радио Кошут, Орбан посочи дека жртвата била унгарско-украински државјанин и дека „е еден од нас“, Иако фронтот за многумина изгледа далеку, Орбан нагласи дека „војната се одвива во нашето соседство, а заканата е непосредна“.

– Земја во која може да се случи вакво нешто не може да биде дел од ЕУ. Овој случај мора да се истражи бидејќи вакво нешто не смее да се дозволи – изјави Орбан.

- Advertisement -
Ad image

Според весникот „Маѓар Немзет“, Шебештијен бил приведен на улица од страна на полицајци во близина на Територијалниот регрутациски центар, присилно внесен во минибус и претепан со метални шипки. Починал 3 недели подоцна во болница.

Сестрата на починатиот објавила видео на кое, како што тврди, се гледа како нејзиниот брат е малтретиран од украински војници.

Телевизијата „Хир“ јави дека украинскиот амбасадор во Будимпешта, Шандор Феѓира, по консултации во унгарското МНР, изјавил дека располага со „неколку информации“ за случајот.

Украина ги демантира обвинувањата

Украинските вооружени сили соопштија дека Жожеф Шебештијен бил легално регрутиран на 14 јуни по положен лекарски преглед, доброволно ја напуштил својата единица на 18 јуни, а подоцна бил хоспитализиран со симптоми поврзани со стрес. Форензичкиот извештај утврдил дека починал од пулмонална емболија на 6 јули, без знаци на физички напад, објави Дејли Њуз Хангари.

Украина категорично негира какво било злоставување, присилна мобилизација или прекршување на човековите права. Државата повика на објективност и предупреди да не се шират непроверени или емоционално мотивирани тврдења, кои може да поттикнат дезинформации.

Случајот дополнително ги заостри веќе затегнатите односи меѓу Унгарија и Украина, особено во однос на третманот на етничките малцинства.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation