Почитувани господа од СДСМ, очигледно или не сте добро запознаени или сакате невешто вистината да ја сокриете.
Ревизија на работењето на Јавните претпријатија имаше. И знаете што покажа? Покажа дека Јавните претипријатија биле крајно лошо менаџирани од вашите кадри. Наталожувани се долгови и обврски кои вие сте немале интерес да ги решавате.
За разлика од тогаш сега сликата со работењето на ЈП е драстично различна. Иако проблемот кој го напрвивте со зголемувњето на цената на електричанта енергија и другите енергенси ги преоптовари буџетите на јавните претпријатија, сепак раководствата заедно со Локалната самоуправа успешно ги менаџираат тековните обврски, а притоа да не генерираат нови долгови.
За разлика од вас кои сте научени да оставате презадолжени институции, ние го правиме спротивното – ги оддолжуваме. Како што направивме со одблокирањето на сметка на Општина Охрид и целосното раздолжување на ЈП „Нискоградба“.
Санацијата на финасиската катастрофа која ја оставивте во наследство полека но сигурно ја санираме. Во блиска иднина и дел од другите јавни претпријатија финансиски ќе се стабилизираат.
Крајно неодговорно е да се обвинува за „финансиска криза“ на јавните претпријатија, а притоа занемарувајќи го фактот дека таа состојба била предизвикана од лошото менаџирање во времето кога вие сте биле власт и јавните претпријатија ги реководеле кадри кои вие сте ги избрале.