Општина Дебрца се приклучува кон регионалниот систем за управување со отпад.

Вчера го потпишав договорот за воспоставување на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во Пелагонискиот и Југозападниот плански регион.

Овој чекор претставува значајно унапредување во создавањето современ, интегриран и ефикасен систем за третман на отпадот, во согласност со најдобрите европски практики. Нашата цел е обезбедување повисоко ниво на заштита на животната средина и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на општина Дебрца.

Заштитата на животната средина и одржливиот развој остануваат врвен приоритет на општината.

Продолжуваме со посветена работа и стратешки политики за почиста, побезбедна и поодржлива заедница.