Background

Операцијата „Јужно копје“ ја активираше нова геополитичка бура над Карибите

Операцијата „Јужно копје“ ја активираше нова геополитичка бура над Карибите. Американскиот министер за војна, Пит Хегсет, го најави почетокот на операцијата за која рече дека ќе ги има за цел „наркотерористите“ и ќе ги заштити САД од дрогата што ги убива луѓето.

„Претседателот на САД, Доналд Трамп, нареди акција, а Министерството за војна ја спроведува. Денеска ја објавувам операцијата ‘Јужно копјеќ, напиша Хегсет во објава на социјалната мрежа Икс.

Од другата страна, претседателот Николас Мадуро нареди мобилизација на околу 200.000 војници, подготвени за, како што рече, „одбрана од империјалистичка закана“.

- Advertisement -
Ad image

Во меѓувреме, најголемиот американски носач на авиони „Џералд Форд“ се приближува кон венецуелските води, прво толку големо распоредување на американска флота во регионот во последниве децении, јави Вашингтон пост.

Меѓутоа, според аналитичарите, одлуката на САД да ја активираат оваа мисија под команда на SOUTHCOM не е само операција против криминални картели. Станува збор за демонстрација на воена моќ со јасна порака кон Каракас.

– Носач на авиони не е инструмент во борбата против дрога – изјавила аналитичарката Елизабет Дикинсон од Меѓународната кризна група, предупредувајќи дека распоредувањето „очигледно има политички мотив“.

Притоа, венецуелското Министерство за одбрана соопшти дека дводневната вежба со 200.000 војници има цел „да ја покаже решителноста на нацијата да се спротивстави на секоја агресија“.

Министерот Владимир Падрино Лопес изјави дека американското присуство во Карибите е „вулгарен напад врз суверенитетот и мирот на континентот“.

– Поради тоа што не можат да измислат хемиско оружје, измислуваат нова приказна за нaрко-тероризам – рече Мадуро.

Од друга страна, Трамп ја овласти ЦИА за тајни операции во Венецуела, а Сенатот неодамна ја блокираше резолуцијата која ќе му го ограничеше правото да поведе воена акција без Конгресот.

Иако официјално не е прогласена војна, концентрацијата на сили и дипломатските потези сугерираат дека операцијата „Јужно копје“ би можела да се претвори во најголемото американско воено дејствување во Латинска Америка по Панама во 1989 година.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation