Оние кои ја следат и ја слушаат Северина, често ја нарекуваат кралица на стилот, а пејачката, велат тие, летово покажала голем број модни комбинации додека настапувала долж јадранскиот брег.
Но, некои имаат забелешки на нејзиниот стил и тоа, не поради тоа дали стилот е сам по себе добар или не, туку исклучиво во однос на возраста.
Една госпоѓа го коментирала изгледот на Северина на нејзиниот настап во боди од тексас кое ги открива нејзините долги нозе, велејќи: Кога ќе почнеш да се облекуваш во согласност со годините? Добила од пејачката соодветен одговор кој Северина го објавила и на Инстаграм: Кога ќе ми го позајмите фустанот од вашата профилна!
Кога Џенифер Лопез, Шер, Мадона или која било друга ѕвезда во светот ќе се појави на сцена облечена во боди, особено кога изгледа така како што изгледаат тие, не е воопшто важна нивната возраст, нели? Конечно, и тоа е дел од шоубизнисот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
