„Мајкрософт“ (Microsoft) најави дека ќе отпушти уште неколку илјади вработени, откако во мај подели откази на 3% од вработените на сите нивоа и географски подрачја. Компанијата најави и намалување на одредени хиерархиски нивоа.
„Тоа ќе биде помалку од 4% од работната сила односно отказ ќе добијат околу 9.000 вработени. Продолжуваме да ги спроведуваме организациските промени потребни за поволно позиционирање на компанијата и нејзините тимови во променливата пазарна средина“, се наведува во соопштението на „Мајкрософт“.
Намалувањето на бројот на вработени најверојатно е предизвикано од примената на вештачката интелигенција (ВИ).
„Мајкрософт“ е компанијата која е една од најнапредните во примена на ВИ. Компанијата во април соопшти дека од 20 до 30% од внатрешното програмирање е направено со употреба на ВИ.
Во компанијата работат 228.000 луѓе.