Околу 9.000 ученици кои тргнаа на училиште оваа година не ја примиле вакцината против мали сипаници, заушки и рубеола (MMR) или се само делумно вакцинирани, пишува Вечерње новости.
Како што објави весникот, минатата година се регистрирани 884 случаи на мали сипаници, а 97,6 проценти од болните деца не биле вакцинирани.MMR вакцината е задолжителна и планирано е децата да ја примат првата доза во првата година од животот, а втората пред да тргнат на училиште.
Податоците од Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ покажуваат дека во 2024 година, 15,7 проценти од децата не ја примиле ММР вакцината, додека само 9,2 проценти ја примиле втората доза.