Топ Вести - Слушај сега
Реномираниот стоматолошки центар „Д-р Баткоски“ стана првиот имплант тренинг центар во Европа за доктори од Виетнам и Израел, лиценциран од израелска компанија „Ditron Dental“. Како еден од светските лидери во имплантологијата, оваа биомедицинска компанија е фокусирана на истражување, развој и производство на врвни компоненти за дентална реставрација. Главен застапник на „Ditron Dental“ на македонскиот пазар е токму стоматолошкиот центар од Охрид.
Менаџерот и основач на центарот, спец. д-р Небојша Баткоски најавува дека во следните фази за развој на центарот ќе имаат можност да се вклучат доктори и од други земји. Дел од плановите е и отворање на нов центар.
Првиот циклус предавања ќе се одржи од 17 до 21 февруари во Охрид, замислен како петдневен, интензивен меѓународен едукативен настан. Главен организатор е спец. д-р Небојша Баткоски, кој во обуката ќе се вклучи заедно со својот стручен тим: спец. д-р Билјана Пецакова, спец. д-р Марија Симончева, д-р Кирил Мандулоски, д-р Наташа Котевска и д-р Катерина Верушевска.
Тренинг-програмата е поделена во четири клучни модули: хируршки основи, хируршки процедури, протетски модул и хирургија во живо (Live Surgery). Програмата ги обединува најновите светски трендови, со посебен фокус на дигиталните технологии и прецизните хируршки протоколи. Наменета е за стоматолози кои сакаат да го усовршат своето знаење во имплантологијата, да го подобрат процесот на носење одлуки кај комплексни случаи и да стекнат поголема сигурност во хируршките и протетските работни процеси (workflow).

По успешното завршување на програмата, учесниците ќе добијат официјални сертификати за стекнатите знаења и вештини.
Tagged as:
„Ditron Dental“ во Европа Д-р Баткоски
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
