Топ Вести - Слушај сега
Охрид има математички бисер – Марко Томоски меѓу најдобрите во светот!
International Youth Math Challenge 2025 Ohrid Голем успех за Охрид и за Македонија – младиот охриѓанец Марко Томоски освои Bronze Honour( Бронзен медал) на престижниот International Youth Math Challenge 2025, натпреварувајќи се во категоријата до 16 години, иако има само 12 години.
Финалната рунда на натпреварот се одржа на 17 февруари 2026 година, во конкуренција од околу 9.800 учесници од целиот свет. Со освоени 23 поени, Марко се пласираше меѓу топ 7% од сите учесници глобално и меѓу топ 60% од финалистите, резултат што добива уште поголема тежина ако се земе предвид дека се натпреварувал со ученици до четири години повозрасни од него. Со овој успех, тој го освои и престижното 2. Национално место за Македонија, потврдувајќи дека станува збор за еден од најперспективните млади математичари во земјата. Марко веќе интензивно се подготвува за нов предизвик – учество на меѓународна математичка олимпијада која ќе се одржи во Ахшабат, во Туркменистан, во периодот од 8 до 13 април 2026 година, каде повторно ќе ја претставува Македонија на светската сцена.
Неговиот талент беше препознаен уште минатата година кога стана државен првак по математика за 6-то одделение во Македонија, што беше јасен сигнал дека пред него стои блескава иднина. „Математиката е моја страст и најголем предизвик. Сакам да напредувам, да учам од најдобрите и гордо да ја претставувам Македонија.
Ова е само почеток,“ изјави младиот охридски шампион. Со вакви резултати на само 12 години, Охрид добива уште една причина за гордост, а Македонија – нова надеж на математичката сцена.

Tagged as:
Охрид има математички бисер – Марко Томоски меѓу најдобрите во светот!
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
