Топ Вести - Слушај сега
Охрид, прославен Ерусалим на Европа и духовен центар со вековна традиција, повторно се подготвува за достоинствено одбележување на Богојавление – Водици, најмасовната културно-верска манифестација во градот. Со подготовки што траат цела година, Охрид докажува дека традицијата и верата се живи и длабоко вкоренети во срцето на секој охриѓанин.
Комунална служба во функција на традицијата
Ј.П. „Охридски Комуналец” е активно вклучено во подготовките за овогодинешното одбележување на празникот. Дежурните екипи работат со максимален ангажман за одржување на јавната чистота на сите локации каде ќе се одвиваат празнувањата. Градското пристаниште, од каде традиционално се полага Светиот крст, е свечено украсено, а улиците во централното градско подрачје блескаат со верски знамиња.
Јавните површини се одржуваат машински и рачно со највисок степен на квалитет, а согласно богатата програма организирана од Организацискиот одбор, екипите на ЈП Комуналец ќе бидат во мобилна состојба за обезбедување навремена услуга на сите локации.
Чиста вода за Светиот крст
Традиционално, во подготовките активно се вклучува и Клубот за подводни дејности Охрид, чии членови го чистат езерото од отпад во овој дел на крајбрежјето. На самиот ден на фрлањето на Честиот крст, подводните ентузијасти ќе се грижат за безбедноста на храбрите скокачи по Крстот.
Свечена литургија и благослов
Крстот оваа година во Охридското Езеро ќе го положи неговото високо правосфештенство г-дин Георгиј, Митрополит Дебарско-Кичевски, што дополнително го нагласува духовниот значај на овој настан.
Феноменална организација за незаборавно доживување
Едноставно кажано – феноменална организација! Охрид 12 месеци се подготвува за да му овозможи на секој верник, гостин и жител достоинствено и христијански да го одбележи Богојавление – Водици 2026.
Дојдете и бидете дел од оваа духовна прослава во градот што со векови го чува пламенот на верата и традицијата!

Сашо Денесовски
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
