Одѕивот на локалните избори до 9.15 часот е три отсто, а гласале 41.890 граѓани, објави на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко, споделувајќи податоци од 2.672 избирачки места (76,91 процент) во кои се запишани 1.394.158 граѓани.
Иста излезност, 3 отсто, имаше и на претходните локални избори во 2021 година.
Кондарко рече дека сите гласачки места се отворени навреме и дека гласањето се одвива без проблеми.
– Досега во ДИК немаме јавување за текот на гласањето за ниту едно избирачко место и од ниту една општинска изборна комисија – рече Кондарко.
На денешните избори се гласа на 3.474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1.832.415 граѓани.
На локалните избори има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10.490 кандидати.
Tagged as:
а гласале 41.890 граѓани Одѕивот на локалните избори до 9.15 часот е три отсто
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
