Денес се одржа втората седница на новиот совет на Општина Охрид. Пред советниците беа единаесет точки, кои беа надополнети со уште две за прекинување на мандатот и верификација на нов мандат. Констатирана беше оставката на советничката Марина Ѓоргоска, а на нејзинот место беше верификуван мандатот на новата советничка Рита Неранџоска.
Во продолжение советниците ги екипираа статутарно-правната комисија, комисијата за финансии и буџет, комисијата за јавни и комунални дејности, комисијата за урбанизаам, комисијата за општествени дејности, комисијата за туризам и локален економски развој, комисијата за заштита на животната средина, комисијата за млади и спорт, комисијата за месна самоуправа, комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија и комисијата за еднакви можности меѓу мажите и жените.
Честитатајќи им го изборот, претседателот на советот Перчо Божиноски, ги повика советниците совесно и ефикасно да работат и задолжително да присуствуваат на сите комисиски расправи.
Tagged as:
ОДРЖАНА ВТОРАТА СЕДНИЦА НА НОВИОТ СОВЕТ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖