Одделот што го води обвинителот Бубевски ќе реши дали имало финансиски малверзации

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Финансиската полиција до Основното јавно обвинителство – Скопје поднелa кривична пријава за режисерот Милчо Манчевски и за неговата фирма „Банана филм“, во врска со неговото и со финансиското работење на неговата фирма.

Според порталот НоваТВ, кој ја лиферува веста, славниот режисер Манчевски се гони за потрошени 950.000 евра државни пари, за кои тој не доставил извештај во Агенцијата за филм.

Истрагата во УФП почнала по поднесена кривична пријава од Агенцијата за филм на РСМ доставена во Основното јавно обвинителство. Финансиската полиција, по наредба на ОЈО и во координација со обвинителството, скоро две години водела истрага за сомнителни трансакции на на „Банана филм“. Според извор на Плусинфо од обвинителски кругови, пријавата на Финансиската полиција е поднесена во ОЈО Скопје, во одделот што го води обвинителот Гаврил Бубевски.

Истрагата покажала сериозни индиции за проневерени буџетски средства, тврди порталот Нова ТВ и додава дека за УФП биле спорни и паричните трансакции на „Банана филм“, продукцијата на Манчевски, која парите ги насочувала кон неговата компанија во Њујорк, за што, и за овој случај, биле известени сите надлежни инстанци, меѓу кои и Државната комисија за спречување корупција.

Во меѓувреме,  во февруари, Милчо Манчевски објави дека ја тужел Агенцијата за филм. затоа што, како што тврди, незаконски одбивала да го исполни потпишаниот договор и да ја исплати екипата за филмот „Кајмак“, кој бил завршен пред две и пол години.

Share This Article