Background

Одбележани 24 години од загинувањето на припадниците на Армијата

Со положување цвеќе пред споменикот подигнат во чест на загинатите бранители во Волково, Општина Ѓорче Петров денеска беа одбележани 24 години од загинувањето на македонските бранители, припадници на резервниот состав на Армијата кои загинаа на 10 август 2001 година кај месноста Љуботенски бачила.

Венци со цвеќе пред споменикот на паднатите бранители во село Волково положија делегација на Влада предводена од министерот за правда Игор Филков и министерот за дигитализација Стефан Андоновски; делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата предводена од директорот на Генералштабот, бригаден генерал Орце Јордев; делегација на Претседателот на Република Македонија и делегација од Општина Ѓорче Петров предводена од градоначалникот Александар Стојкоски и Советот на Општината, делегација од МВР, Единица за брзо распоредување, од Полициската станица Ѓорче Петров.

- Advertisement -
Ad image

Во знак на длабока почит и трајно сеќавање присуствуваа и положија цвеќе и членови на семејствата на загинатите бранители, како и бројни делегации, меѓу кои и на Здружението на бранители на Македонија и Здружението на борци на Општина Ѓорче Петров.

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, порача дека денес се навршуваат 24 години од херојската жртва на Томе Димоски, Ивица Златевски, Раде Јанковски, Томислав Настевски, Ацо Ангеловски, Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев и Марјанчо Бошковски, храбрите македонски бранители кои ги положија животите за татковината.

– Поминаа 24 години, но тагата не стивна, таа се уште живее во срцата на нивните најблиски. Тоа е болка што ја чувствуваме сите, како луѓе и како народ, болка што прерасна во национална гордост. Тие не се само имиња – тие се нашата колективна совест, нашиот завет и нашиот обврзувачки спомен – порача Стојкоски.

Во нивна чест свежо цвеќе претходно беше положено и пред споменикот на херојот Томислав Настевски во Ѓорче Петров.

На 10 август 2001 година со воено товарно возило на патот кон месноста Љуботенски Бачила при активирање на мина животот го загубија осум припадници на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.

На овој ден се оддава почит и на Ацо Ангеловски кој во 2000 година загина во Арачиново при вооружен напад врз полициска патрола.

Мицкоски: Почит и слава за хероите од Љуботен

По повод 24 години од загинувањето на македонските бранители, припадници на резервниот состав на Армијата кај месноста Љуботенски Бачила, премиерот Христијан Мицкоски објави порака дека „Македонија се потпира на влогот на овие луѓе и нивното дело“.

– Почит и слава за хероите од Љуботен. Само со вистина, почит и искрена желба за помирување можеме да изградиме општество каде вакви трагедии нема да се повторат. Нека е вечна нивната жртва за татковината. Македонија се потпира на влогот на овие луѓе и нивното дело – напиша претседателот на Владата на Фејсбук.

На 10 август 2001 година, на патот кон месноста Љуботенски Бачила со воено товарно возило, при активирање на мина животот го загубија осум припадници на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.

На овој ден му се оддава почит и на Ацо Ангеловски кој во 2000 година загина во Арачиново при оружен напад врз полициска патрола.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation