Background

ОДБЕЛЕЖАНИ 20 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ЗОРАН КОВАЧЕВСКИ

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Во организација на Општина Охрид и НУ Библиотека Григор денес  во Прличевата одаја во НУ Библиотека Григор Прличев беше одржан настан по повод одбележувањето 20 години од смртта на роднокрајниот автор Зоран Ковачевски, со цел афирмација на неговото книжевно творештво и трајниот придонес во македонската литература и културното наследство.

- Advertisement -
Ad image

Настанот го отвори Милчо Јованоски, кој во своето воведно обраќање ја истакна важноста од институционалното негување на сеќавањето на значајните автори од Охрид и Македонија.

Со поздравни обраќања се обратија Христина Трпеска, директор на библиотеката, и Весна Јованоска, раководител на Одделението за култура при Општина Охрид, при што беше презентирана и биографијата на Зоран Ковачевски, со осврт на неговиот животен и творечки пат.

Во рамки на програмата, во име на Друштвото на писателите на Македонија и писателите од Охрид, беше најавен и претставен поетот Славе Ѓорѓо Димоски, со што се потенцираше книжевната и културната вредност на делото на Ковачевски во национален контекст.

Присутните имаа можност да проследат читање на избрани критички осврти за делото на Зоран Ковачевски од истакнати книжевни теоретичари и критичари: Димитар Пандев, Тодор Чаловски, Милан Ѓурчинов и Милан Жирчинов, со што беше даден сеопфатен увид во неговиот авторски опус.

Во продолжение беше прочитан расказот „Пејач“, кој претставува значаен дел од неговото прозно творештво.

Особено значаен и емотивен момент од настанот беше обраќањето на членовите на семејството, синот Филип и ќерката Викторија, кои со лични сведоштва придонесоа за целосна слика за ликот и делото на авторот.

Во завршниот дел од настанот, Општина Охрид, преку раководителот на Одделението за култура, им врачи на семејството примероци од изданија во кои е застапен Зоран Ковачевски, а кои се во издание на Општина Охрид.

Со овој настан, Општина Охрид уште еднаш ја потврди својата заложба за негување на културната меморија и поддршка на македонската книжевност и авторите кои оставиле траен белег во културниот развој на заедницата.

 

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation