Надлежните служби при Општина Охрид од утре започнуваат со активности за асфалтирање и уредување на пресекот меѓу улиците: „Железничка“, „15- Корпус“, „7-ми Ноември“ и „Ристо Чадо“ кај кружниот тек во близина на ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски“.
Поради активностите сообраќајот ќе се одвива во отежнати услови. Возачите и пешаците да го почитуваат времениот режим на сообраќај, да возат и да се движат внимателно.