Топ Вести - Слушај сега
Информацијата од Европската комисија од вчера покажува дека процесот е жив и ние сме вклучени во неговата реализација, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, откако вчера ЕК соопшти дека ќе почне билатерални преговори со земјите од Западен Балкан за укинување на роамингот.
-Како Влада веќе го утврдивме и текстот на последниот Закон за усогласување со што, како што ветивме, ќе бидеме меѓу првите земји целосно усогласени со барањата за Роаминг како дома – рече Андоновски.
Тој додаде дека не може да каже кога може да се очекува роаминг како дома со ЕУ, бидејќи како што рече, ЕУ први посебни договори и со сите телекомуникациските оператори во Европа и ѝ треба време тоа да го направи.
-Кон средина на март ние ќе бидеме подготвени со законските измени на Законот за електронски комуникации и со правилниците. Законот е подготвен и ќе го пратиме во ЕУ за да проверат дали се е според она што го бара Унијата.Потоа оставаме простор и ЕУ да го направи својот чекор и очекувам дека тоа брзо ќе се случува – рече Андоновски.
Тој рече дека ова ќе значи дека граѓаните и бизнисите од Македонија ќе користат мобилни услуги во ЕУ без дополнителни трошоци.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
