Background

Од понеделник 55 автобуси на скопските улици, уште 20 до Нова година

Автобусите на приватните превозници, вкупно 55, од понеделник ќе се вклучат во јавниот градски сообраќај во Скопје, а до Нова година ќе бидат вклучени уште 20 автобуси, најави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Приватните превозници денеска беа на средба со Ѓорѓиевски. Паднал договор да се вклучат поинтензивно во градскиот превоз, а наталожените долгови да им бидат исплатени.

Јовица Зафировски, претставник на приватните превозници, рече дека имаат еколошки, чистии климатизирани автобуси. Тој додаде дека е потрено да се смени возниот ред, за автобусите да пристигнуваат навреме, како што се најавени на електробските табли за следење во реално време.

- Advertisement -
Ad image

Ѓорѓиевски најави и дека во март се очекуваат уште 80 нови автобуси, што ќе ги набави Владата.

– На овие лица некој, од за мене неразбирливи причини, не им ги потпишуваше лиценците за вршење на градски превоз со месеци наназад. Апсолутно со тоа се правеше опструкција на граѓаните да имаат нормализиран јавен транспорт. Дополнително, проблемите кои се однесуваа на неплаќањето кон нив ќе бидат регулирани наредната година, откако ќе направиме промена во менаџментот во ЈСП Скопје – рече Ѓорѓиевски.

Градоначалникот доаде дека следната недела ќе има уште еден состанок со превозниците на кој ќе се договори рокот во кој ќе бидат редовно исплаќани за нивните услуги кон граѓаните, а ќе се договори и возниот ред.

Во моментов, според превозниците, долгот кој Град Скопје и ЈСП го имаат кон нив изнесува околу 180 милиони денари (3 милиони евра).

Градоначалникот очекува дека на наредната седница на Советот на Град Скопје, на која на дневен ред ќе биде ребаланс на буџетот, ќе се направат напори во него да влезе и проектот за БРТ, со цел што поскоро да почне реализацијата.

„55 од понеделник и уште 20 автобуси до Нова година – Скопје се сака со дела!  Со добра координација и заедничка волја, за помалку од 48 часа откако ја преземав функцијата градоначалник на Скопје, успеавме да постигнеме договор кој значи конкретен чекор напред, а тоа е дека веќе од понеделник 55 автобуси повторно ќе сообраќаат низ скопските улици. Овој потег претставува сериозен исчекор кон подобрување и стабилизирање на градскиот транспорт“, обави Ѓорѓиевски на Фејсбук.

 

Фото: Фејсбук на Орце Ѓорѓиевски

 

Дополнително, до Нова година во системот ќе бидат вклучени уште 20 автобуси, со што јавниот превоз ќе биде целосно нормализиран, но тука не запираме, додаде тој.

„До март, во соработка со Владата на Република Македонија и Министерството за транспорт, ќе обезбедиме уште 80 нови автобуси. Заедно со градскиот воз, за кој веќе почна првата фаза на реализација и со проектот БРТ, почнуваме циклус на трајно решавање на сообраќајниот хаос кој со години го оптоварува нашиот град“, додаде градоначалникот.

 

Свесен сум во каква состојба се наоѓа Скопје, додаде тој.

„Како никогаш досега сум мотивиран да го направиме нашиот град достоинствено, чисто и современо место за живеење. И ќе успееме. Го имате мојот збор“, објави Ѓорѓиевски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation