Министерот за транспорт Александар Николоски информира дека новата линија Базел-Охрид страртува четири месеци порано.
– Продолжуваат убавите вести во авиосообраќајот. Новата линија Базел – Охрид стартува 4 месеци порано. „Европскиот аеродром“ како што е името на аеродромот помеѓу градовите Базел, Мулуз и Фрајбург е многу важен аеродром затоа што е на тромеѓе на три држави – Швајцарија, Германија и Франција. Раскрсница која ќе донесе многу туристи, но и ќе го олесни патувањето на нашата дијаспора. Од компанијата „WizzAir“ објавија дека веќе може да се купат карти за новата авиолинија Охрид – Базел. Првиот лет на оваа линија која е дел од програмата за субвенционирање на нови авиолинии е закажан за 27 Октомври – вели Николоски.
Тој додава дека имаат интензивни разговори за други нови авиолинии со што македонските аеродроми ќе бидат одлично поврзани со целиот свет.