Од март ќе почне изградбата на автопатите Букојчани-Гостивар и Букојчани-Кичево

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Со изградбата на автопатите и со реконструкцијата на железничката пруга од Скопје до Кичево, општина Гостивар ќе стане центар на Коридорот 8 во овој дел на Македонија, рече денеска министерот за транспорт Александар Николоски при посетата на Гостивар.

– Имаме одлична динамика на изградба на двата автопати, од Тетово до Гостивар и од Гостивар до Букојчани. Веќе заврши и јавниот повик за изградба на автопатот од Букојчани до Кичево и следи евалуцаија на понудите. Се очекува во март да почне изградбата и на овој автопат – најави Николоски.

Интензивно се работи на двата патни правци, експропријацијата е речиси завршена, додаде тој.

– Сега се работи на дислокација на водовите, така што имаме два патни правци кои се градат кон Гостивар, едниот е Тетово-Гостивар, другиот Гостивар-Букојчани. И дополнително, тоа што е значајно за мене, е тоа што Гостивар-Букојчани е најтешкиот инженерски потфат кој што се работи во моментов. Од 32 километри, 17 се веќе пробиени. Во март ќе почне да се гради и од делот на Букојчани, така да за прв пат ќе имаме автопат кој се гради во двете страни и ќе се спои во средина – рече Николоски.

Има и трета работа, а тоа е дека е завршен јавниот повик за изградба на автопатаот од Букојчани до Кичево, додаде министерот.

– Има три понуди, тие ќе се евалуираат и ќе се избере најдобрата понуда. Очекувам во март и таму да имаме работа. Ако на тоа надоврземе дека на Кичево-Охрид пуштивме 34 километри во функција, а работиме и на другите километри, тоа би значело дека некаде крајот на 2028, почетокот на 2029 година, Гостивар ќе стане центар, бидејќи ќе има комплетно автопатско поврзување на Коридорот 8, што многу ќе помогне во развојот на трговијата и на економијата – истака Николоски.

Вицепремиерот најави дека се работи на постапки и за реконструкцијата на железницата од Скопје, преку Гостивар, до Кичево.

– Владата веќе усвои грант кој го додели ЕУ за изработка на предфизибилити студија, физибилити студија, еколошка студија, проектна документација за целосна рехабилитација, електрификација и сиганилизација за пругата Скопје-Јегуновце-Тетово-Гостивар-Кичево. Според барањата на ЕУ, целокупната документација ќе се заврши за 18 месеци и се надевам дека во 2027 година ќе имаме избран изведувач кој би работел, а во 2029 година ќе се заврши овој проект. Возовите би сообраќаеле со брзина од 120 километри на час, што значи некаде за 40 минути од Гостивар ќе се патува до Скопје или за 20 минути до Тетово. Тоа целосно ќе ја промени комуникацијата на градот – најави вицепремиерот Александар Николоски денеска во Гостивар.

Share This Article