Background

Од комита во војвода на лагата: Десетгодишната хронологија на срамот што Борко Ристовски ја наследи и ја продолжи

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Како затворениот базен во Охрид стана симбол на политичката алчност, криминал и манипулација – од Груевски до Ристовски

- Advertisement -
Ad image

Охрид, јануари 2026 – Кога министерот за спорт Борко Ристовски, некогашниот “комита” на македонскиот ракомет,  во емисијата “Само интервју” на Канал 5 телевизија со ладнокрвност достојна на искусен манипулатор откри дека затворениот базен во Охрид има “големи проблеми со машинството” и дека се прави “ново проектирање”, охриѓаните конечно сфатија една горка вистина: комитата стана војвода на лагата.

Борко Ристовски, човекот кој цели две години седеше на министерска фотелја додека базенот пропаѓаше во урнатини, сега се обидува да го продаде истиот стар филм со нова лепена лента. Но, ајде да го потсетиме војводата на лагата на хронологијата на срамот што го наследи и со задоволство го продолжи.

2009-2011: Кога политичарите научија да лажат професионално

Приказната за затворениот базен во Охрид започнува уште во далечната 2009 година, кога ВМРО-ДПМНЕ најави изградба на олимписки базен вреден 7 милиони евра. Тогашната Агенција за спорт и млади го одложи проектот поради “рецесија” и “буџетски ограничувања” – првата во низата лаги што ќе траат цела деценија.

Во 2011 година, во акционен план на Агенцијата за млади и спорт повторно е најавена изградбата. Охриѓани, наивни како секогаш, почнаа да се надеваат.

2015: Груевски ја отвора портата на пеколот

Април 2015 година. Никола Груевски, со големанството на диктатор од трет свет, доаѓа во Охрид и објавува: “Денес сакам да објавам почеток на реализација на еден долгоочекуван проект за Охрид и Охриѓани – изградба на затворен базен, проект кој вреди 5 милиони евра и ќе започне со реализација наредните неколку месеци.”

Во јуни е објавен тендерот. Во ноември, со помпезност достојна за отворање на Суецкиот канал, на 12-ти ноември 2015 година, во присуство на премиерот Груевски , свечено е означен почетокот на градежните работи. Фирмата “Бауер БГ” од Скопје го доби договорот за 5 милиони евра.

Првичниот договор беше јасен: базенот ќе биде завршен најдоцна до април 2018 година. Три години. Охриѓани веруваа. Грешеа смртно како и секогаш во континуитет.

2018-2021: Тријада на срамот – три лаги, три пропаднати рокови

Април 2018 – првиот рок помина како летен здив. Базенот? Метална конструкција и ветрот што свири меѓу шипките.

2020 година – втор рок, во средина на пандемијата. Ништо. Ама, ај, имаше пандемија, па може да се оправда, нели?

2021 година – трет рок. Повторно ништо. Но сега веќе оправдувањата станаа уметност.

Директорот на АСМ Наумче Мојсовски, со талент за измислување приказни, објасни дека “најголемиот проблем се случил за време на пандемијата кога бил откажан надзорот”. Имало проблеми со изведувачот “Бауер БГ” кој “за други предмети бил во притвор”, но тоа “не нѐ засегаа нас”. Имало проблеми со бушотина. Имало проблеми со почвата. Имало проблеми со сѐ, освен со вистината.

2022-2023: Активирање на банкарската гаранција – илузија за правда

Во овој период, договорот со “Бауер БГ” конечно е раскинат “на штета на фирмата” и е активирана банкарската гаранција. Мојсовски, со оптимизам на човек кој продава илузии, во август 2022 година најавува дека од 1 септември ќе продолжат градежните работи и дека базенот ќе биде готов до март или април 2023 година.

Септември 2023 – базенот влегува во осмата година од изградбата. Конструкцијата сè уште не е покриена. Металниот скелет е обраснат со трева, како споменик на пропаста. Мојсовски, неразбирливо, најавува дека базенот треба да биде завршен “за една година”.

Охриѓани веќе не знаеја дали да плачат или да се смеат.

2024: Доаѓа “комита” Борко Ристовски – нов човек, стари трикови

Јуни 2024 година. Се формира ново Министерство за спорт. На чело е ставен Борко Ристовски, легендарниот ракометен голман, човекот со 155 настапи за репрезентацијата, човекот кој беше “комита” на теренот и кој сега требаше да биде војвода на спортот.

Но, комитот брзо се покажа дека има талент за нешто друго – манипулација и лаги.

Јули 2024 – Ристовски доаѓа во Охрид. Со сериозност достојна за државник, тој објавува:

  • Договорот со “Бауер БГ” ќе биде раскинат (повторно!)
  • Ќе се направи нов проект за изградба
  • Ќе се направи нова проценка на трошоците (зашто првата, очигледно, била само за шега)
  • Кон крајот на летото ќе се избере нов економски оператор
  • “Охрид заслужува базен. Охрид заслужува да не се оставаат спортските објекти на пола повеќе од четири-пет години ништо да не се чепне.”

Браво, војводо! Што правеше претходните четири-пет години додека базенот стоеше на пола? Се сончавше покрај урнатините? Или само вежбаше како да изгледаш загрижен пред камерите?

Ноември 2024 – Ристовски објавува дека се прави “комплетна ревизија”. Проценката е шокантна: завршени се само 20 до 30 отсто од градежните активности. Десет години, 5 милиони евра, и едвај една третина е завршена. Браво, војводо на неспособноста!

Јануари 2025: Врвот на сенилноста – нови лаги за нов проблем

И сега доаѓаме до денес. Јануари 2025 година. Министерот Борко Ристовски, во емисијата “Само интервју” на Канал 5 телевизија, со ладнокрвност на човек кој лаже професионално, открива нови “проблеми”:

“Има голем проблем со машинството” – Браво! Десет години не го забележале проблемот со машинството?

“Со изведувачот го раскинавме договорот” – Кој изведувач, војводо? Тој што го раскинавте во 2022, или новиот што го раскинавте во 2024, или третиот што го раскинувате сега?

“Се прави ново проектирање” – Зашто, војводо? Зашто првото проектирање од 2015 година не беше добро? Или второто? Или третото?

“Се сменети условите од периодот кога е започнато првичното проектирање” – Кои услови, војводо? Дали законите на физиката се сменија? Дали Охридското Езеро се измести? Или само вашата неспособност се зголеми?

“Основниот проект предвидувал да се користи вода од локалниот водовод, но ако земаме толку големи количини вода, ќе се доведе во прашање снабдувањето на локалните корисници” – Браво за откритието, војводо! Десет години ви требаа да сфатите дека големиот базен троши многу вода? Ова дури и деца од основно училиште го знаат!

“Според новиот план, предвидено е за загревање да се користи систем со воздух” – Значи, сега ќе загреваме вода со воздух? Интересен концепт. Можеби следно ќе објавите дека водата ќе се грее со мисла?

“Има сериозни наоди за сторен криминал и се чека извештај од вештачење кој треба да се предаде во Јавното обвинителство” – Аха! Сега станува интересно. Десет години криминал пред носот, а комитата чека извештај.

Што правеше “комитот” Ристовски цели две години?

Ајде да бидеме искрени. Борко Ристовски седи на министерска фотелја од јуни 2024 година. Минаа речиси две години. Што направи за затворениот базен во Охрид?

  • Јули 2024: Најави раскинување на договорот и нов проект
  • Ноември 2024: Најави ревизија
  • Јануари 2025: Најави уште еден нов проект и нови проблеми

Значи, две години најави. Две години зборови. Две години лаги. Ниту еден грам бетон. Ниту еден болт завртен. Ниту една капка вода влеана во базенот.

Охриѓани прашуваат: Што правеше комитот, војводо на лагата? Се сончаше покрај базенот? Броеше пари на партијата? Вежбаше како да изгледа загрижен пред камерите?

ВМРО-ДПМНЕ: Од Груевски до Мицкоски – континуитет на срамот

Ајде да не заборавиме дека Борко Ристовски не е сам во оваа приказна. Тој е само најновата епизода во долгата сага на неспособност и криминал. ВМРО-ДПМНЕ, партијата што на голема врата ја започна изградбата во 2015 година, е истата партија што денес е на власт и што денес управува со Министерството за спорт.

Никола Груевски ја започна градбата во 2015 со помпезност. Христијан Мицкоски ја продолжи трагедијата во 2024 со Борко Ристовски како главен актер. Континуитетот е совршен – континуитет на неспособност, континуитет на лаги, континуитет на криминал.

И сèто ова време, додека политичарите лажеле и мешале пари, охриѓани останале без базен. Младите талентирани пливачи од градот на Атина Бојаџи, Дики Бојаџи и Ристо Бимбиловски останале без услови за тренинг. Спортот во Охрид умираше, додека комитата станувал војвода на лагата.

Затворениот базен – спомен-костурница на политичката алчност

Денес, десет години по првичните најави, во спортскиот центар “Билјанини Извори” стои металната конструкција обрасната со трева. Симбол на срамот. Споменик на пропаста. Спомен-костурница на политичката алчност, неспособност и криминал.

Пет милиони евра исчезнаа во црната дупка на корупцијата. Завршени се само 20 до 30 отсто од работите. Проектот е сменет најмалку три пати. Изведувачот е сменет најмалку двапати. Рокови за завршување имаше барем петпати. Лаги – неброени.

И на крајот на приказната, ајде да го прашаме министерот Борко Ристовски, комитот што стана војвода на лагата: Кого, војводо, вие правите будали?

Охриѓани? Македонците? Самиот себе?

Или можеби сте толку сенилни што верувате дека ако лагата се повтори доволно пати, таа станува вистина,Гебелс вода да ви носи?

Епилог: Охриѓани останаа без базен, комитата стана војвода

Десет години поминаа. Три премиери, десетина министри, петнаесет најави, безброј оправдувања. И на крајот, охриѓани останаа со она со што започнаа – ветување, лага, срам.

А Борко Ристовски, комитот од теренот, стана војвода на лагата и манипулацијата. Браво, војводо. Браво за перформансот. Браво за дрскоста. Браво за сенилноста.

Охриѓани ќе продолжат да чекаат. А затворениот базен ќе продолжи да стои како споменик на она што политичар во Македонија знае најдобро – да лаже, да краде и да го глупира народот.

Браво, комито. Браво, војводо на срамот.


Забелешка: Оваа хронологија е базирана на јавно достапни информации и изјави на официјални лица. Секоја сличност со вистинските настани не е случајна – таа е болна реалност.

Сашо Денесовски

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation