Топ Вести - Слушај сега
Од глумење повеќекратни оргазми во нејзините 20-ти години до сега кога нема проблем да му каже на партнерот точно што ѝ треба, Хали Бери (59) која се појави во епизода од подкастот „Секс со Емили“, објасни зошто токму овој период од животот може да биде најсексипилниот период во животот на една жена.
Меѓудругото, таа откри и зошто никогаш повеќе не сака да глуми дека има оргазам само за да го задоволи својот партнер.
Актерката, која почна да се забавува со музичарот Ван Хант во 2020 година, отворено ја објасни нејзината одлука да престане да глуми оргазам додека во публиката седеше и нејзиниот свршеник кому одвреме навреме му се обраќаше.
– Веќе не го правам тоа. Стигнавме до точка каде што глумиме оргазми за тој да се чувствува добро. И што навистина постигнуваме со тоа? Ги ставаме неговите потреби пред нашите – вели актерката.
– Сега си велам: Не, јас сум на прво место, исто како што ти се ставаш себеси на прво место. И двајцата заслужуваме ова да биде заемно пријатно искуство, каде што можеме да се свртиме и да заспиеме чувствувајќи се добро, а не едниот да ‘рчи, а другиот да гледа во таванот и да се прашува: „Што, по ѓаволите, беше тоа?“ – вели таа.
Таа проговори и за моментот кога двајцата се соочиле со страв од дијагноза на сексуално пренослива болест (херпес) откако актерката доживеала болка за време на сексот.
– Се чувствував како да имам бричеви во вагината. Истрчав кај гинекологот и реков: „О, Боже, што се случува?“ Беше ужасно. Докторот рече: „Имаш најлош случај на херпес што некогаш сум го видел.“ Јас реков: „Херпес? Немам херпес!“- раскажа таа.
Тестовите подоцна покажале дека ниту Хант ниту Бери немаат херпес, и на крајот било утврдено дека болните симптоми се резултат на перименопаузата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
