Од досегашните контроли на повеќе од 3.100 лиценци во делот на градежното работење и урбанистичкото планирање, кај 479 констатирано е неправилно работење и поради тоа на сите овие правни лица ќе им бидат одземени лиценците

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Од досегашните контроли на повеќе од 3.100 лиценци во делот на градежното работење и урбанистичкото планирање, кај 479 констатирано е неправилно работење и поради тоа на сите овие правни лица ќе им бидат одземени лиценците, соопшти денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

– Оваа листа ќе биде доставена до соодветните институции за понатамошно постапување. Исто така би сакал да најавам дека ќе пристапиме кон законски измени со кои овие контроли ќе бидат обврзни на секои шест месеци, а не како досега на доброволна основа и за следните контроли жалбата нема да го одлага извршувањето односно суспензијата ќе оди веднаш. Целта не е да казнуваме туку компаниите кои доброволно се согласиле на условите што ги предвидува законот, доброволно да ги исполнуваат затоа што феноменот е дека во моментот на поднесување на барањето ги усполнуваат, а потоа престануваат да исполуваaт тие услови. За да не настане забуна, контролите се прават на лиценците во делот на потребниот број вработени, а во дел на квалитет на изведување и во дел на квалитет на навремено извршување постојат соодветни надзори кои ги контролираат градбите – истакна вицепремиерот Николоски.

Министерството за транспорт објави список на фирми на кои ќе им биде одземена лиценцата. Листата е на овој линк 

Share This Article