Background

Од досега анализираните 19 случаи, кај 10 пациенти е утврдено дека непотребно им се извршени васкуларни интервенции или непотребно се упатени за такви интервенции

Од досега анализираните 19 случаи, кај 10 пациенти е утврдено дека непотребно им се извршени васкуларни интервенции или непотребно се упатени за такви интервенции, утврди Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции што ја формираше Министерството за здравство по наводите на кардиохирургот Сашко Кедев дека на пациенти во Македонија без потреба им се вршат операции, поради профит.

Од пристигнатите 25 пријави за сомнителни случаи, кои пристигнале од граѓаните и од медицинските институции, Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции досега анализирала 19, а анализите продолжуваат и понатаму и засега пред јавноста се презентираат само прелиминарни информации, соопшти министерот за здравство Азир Алиу, кој одржа прес-конференција со лекарите од комисијата.

– Од тие 25 пријавени случаи, 6 се упатени на натамошен третман во Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), бидејќи таа не е надлежна за нив. Останатите 19 се анализирани. Во 10 случаи е утврдено дека непотребно се изведени операциите или дека пациентите биле непотребно упатени на операции – рече министерот Алиу.

- Advertisement -
Ad image

Претседавачот на комисијата, доктор Жарко Христовски рече дека во оваа првична фаза ја анализирале само потребата од реваскуларизација т.е. интервенциите кај пациентите кои имаат васкуларна болест. Тој најави дека следат дополнителни активности.

– Кај 10 пациенти утврдивме најдовме преекстензивно поставена индикација. Втората фаза е навлегување во клиниките, за да се направи дополнителна анализа и да се донесе соодветна стратегија. Кога ќе стигнеме до дефинитивна оценка на секој случај информацијата ќе биде доставена до надлежните институции – рече тој.

Комисијата ќе продолжи да работи со утврдената методологија, по што ќе даде конечен извештај.

– Ова е прелиминарен извештај, по кој следи средба со тројца странски експерти, по што ќе се направи конечен извештај. Тој конечен извештај ќе биде основа за дефинирање на нашите политики – најави министерот Алиу.

Претседавачот Христовски дополни дека во втората фаза заедно со експертите од странство ќе ја анализираат работата на сите институции низ земјава кои вршат кардиоваскуларни интервенции.

Според него, не е етички коректно ниту правно издржано во оваа фаза да се откријат во кои болници се извршени непотребните васкуларни интервенции и каква била состојбата на пациентите.

– Ќе имаме ограничени информации, ова се доволно информации засега за да продолжиме и понатаму. Ова е првичен извештај, а дефинитивниот ќе следи по комплетната анализа. Но, и кога ќе стигнеме до дефинитивна оценка, случаите поради етички причини ќе бидат делумно презентирани. Нашата работа треба да заврши со професионален извештај со целата слика и треба да навлеземе подлабоко во клиниките, оти досега работевме само по пријави од граѓани и од институции. До половина сме, имаме уште да работиме и за овие случаи, а потоа ќе правиме студија како се работи кардиоваскуларната медицина ширум Македонија, сите ќе ги провериме – рече д-р Христовски.

Интерната комисија е составена од кардиолози, правници и економисти, меѓу кои д-р Васил Папестиев од Клиника за кардиохирургија, д-р Билјана Зафировска и д-р Иван Василев од Клиника за кардиологија, д-р Мишел Андонов и д-р Илир Вела од Клиника за торакална и васкуларна хирургија, д-р Ненси Лозанче од Клиничка болница Битола, д-р Валон Асани од Клиничка болница Тетово, д-р Никола Христов од Клиниката „Жан Митрев“, д-р Жарко Христовски од „Аџибадем Систина“, како и претставници од ФЗОМ д-р Ана Митевска и д-р Жаклина Крстевска, Стефанка Петковска, правник и претставници од Министерство за здравство, д-р Александар Митов, Стојанчо Стојковски и Бахар Љама.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation