Од 590 станбени згради во Битола, во 243 нема ниту хидратнти, ниту противпожарни апарати

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Од 590 станбени згради во Битола, во 243 нема ниту хидратнти, ниту противпожарни апарати, соопшти Општина Битола, по спроведената контрола.

Сите управители на зградите добија упатства во најкраток можен рок да ги отрстранат сите неправилности.

„Согласно добиените задолженија од градоначалникот на општина Битола, општинскиот инспекторат изврши контроли на колективните станбени згради, со цел да се утврди моменталната состојба и исполнетоста на обврските од Законот за домување и да се дадат понатамошни задолжувања за преземање мерки од управителите на зградите и станбените сервиси. Од одговорните субјекти во зградите беше побарано да достават информации за тоа дали зградата има хидрантска мрежа, дали хидрантите имаат црева за вода, колку од зградите поседуваат ПП апарати и дали има лица коишто знаат со нив да ракуваат“, соопшти Општина Битола.

Инспекторите утврдиле дека од вкупно 640 згради, при што, согласно Законот за домување, секој влез се утврдува како посебна зграда, 590 се под управување на станбените сервиси, а за останатите во тек е утврдувањето на нивната состојба. Од тие 590 згради хидрантска мрежа имаат 347, а од нив 22 поседуваат и противпожарни апарати. Без хидрантска мрежа се 243 и истите не поседуваат ниту ПП апарати. Во само 4 згради има план за евакуација.

„Инспекторот во обука, согласно своите надлежности, достави известувања до сите станбени сервиси дека се должни да постапат согласно член 6 став 3 и член 19 став 1 од Законот за домување и во најкус можен рок да ги отстранат сите неправилности во зградите кои се под нивно управување. Тоа вклучува: одржување, поправка и замена на хидранти, хидрантски црева и други хидрантски делови, набавка на нови противпожарни апарати и редовно сервисирање на постоечките, обезбедување на функционалност на противпожарните скали во зградата, одржување, поправка и сервис на лифтови, лифтовски простории и уреди, како и технички преглед на истите, поправка на оштетените и замена на дотраените фасади, фасадни облоги и елементи на фасади. Известувањето со констатираната состојба е испратено и до Државниот комунален инспекторат, како надлежен за постапување и утврдување на состојбата на терен“, соопшти локалната самоуправа.

Контролите спроведени во училиштата и во детските градинки, покажуваат дека овие институции функционираат како безбедни средини, се додава во соопштението.

„Истите се опремени со противпожарни апарати, а имаат и обучени вработени. Хидрантски мрежи има секаде каде што може да се инсталираат. За исправноста на ПП апаратите или на хидрантската мрежа се надлежни лиценцирани фирми кои ги одржуваат. Секаде каде што ќе се појави потреба од дополнување на опремата, истото ќе биде направено по изготвувањето на финалните извештаи во координација со сите надлежни институции, најдоцна до средината на овој месец“, соопшти Општина Битола..

Share This Article