Од 1 до 9 декември, униформите на МВР издале 6.151 казна. Најмногу грешеле оние со „тешка нога на гас“. Цели 1.573 возачи заборавиле дека патиштата не се писта. Меѓу 44 возачи приведени за безобѕирно возење, дури 33 имале алкохол во крвта.
Петмина возеле како да се во трка во населено место, четворица ја „тестирале“ брзината надвор од градовите, а двајца одлучиле да ја пробаат судбината во забранет правец.
Во Скопје во полициските белешки се регистрирале 1.511 случаи на непрописно паркирање. Исто така, 620 возачи без дозвола, 39 поминале на црвено, додека 32 пешаци заборавиле дека и тие се дел од сообраќајот.
Во 173 случаи возачите биле пијани зад воланот. Покрај тоа, 349 учесници заборавиле на сигурносниот појас, додека 214 ги користеле телефоните додека управувале со возило.
Во 9 дена полицијата симнала од патиштата 119 нерегистрирани возила, додека 62 биле технички неисправни, а 28 возеле со затемнети стакла, односно непрописно вградени фолии.
Сообраќајните контроли на МВР продолжуваат.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
