Обвинителката Адела Бојчевиќ продолжи со изведување докази против Стојанче Јовановски, кому му се суди за 3 кривични дела извршени врз неговата сега покојна сопруга Ивана Јовановска, која се самоуби со фрлање од 6 кат од нејзиниот стан, при што во смрт ја понесе и нивната 6-годишна ќерка Катја.
Бојчевиќ рече дека во доказите има записници, поплаки, анализи на снимки, записник од полиција за сите настани во кои се инволвирани Ивана и Стојанче, повеќе пријави од граѓани, меѓу кои и пријава од 20.12.2025 година дека машко лице се обидело да убие женско лице. Меѓу доказите се и лекарски извештаи од ТОАРИЛУЦ и од Психијатрија, извештај од училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“, анализа од вештачење мобилни телефони, како и дигитален запис од увид, односно, фото-албум од увидот со 51 фотографија со вознемирувачка содржина од настанот од 2.3.2026 година. Беше изведен и извештај од прегледани видео-записи од кафе-барот „Сома“ пред зградата на улицата Теодосиј Гологанов, кој беше презентиран во судницата.
– Едното видео трае 5 минути, од 2.3.2026 година во 14.05 часот. Се забележува како на бетонската подлога пред кафе-барот од горе паѓаат две лица, при што едно лице паѓа директно на подлогата, а другото при падот се одбива и се приближува кон лево на бетонската подлога. Неколку секунди подоцна до двете тела се приближува машко лице, видно во паника, се фаќа за главата. Ќе се гледа и видео од внатрешоста на кафулето, каде седат гости, на кое наеднаш се слуша звук, трескот. Се забележува како гостите стануваат од масите, вознемирени се и гледаат кон надвор, кон плочникот, каде паднале двете лица. Потоа се забележува паника и се слушаат пискотници – ја опиша обвинителката снимката и го пушти видеото од внатрешноста на кафе-барот „Сома“, на кое присутните во судницата го видоа моментот кога едно лице треснув на земјата со силен звук, веднаш пред кафе-барот.
Обвинителката потоа изведе како доказ службена белешка од 2.3.2026 година од прегледан видео-запис од училиштето „Нова“, на улицата Прашка.
– Ова видео трае 20 минути, а на него се гледа улицата Прашка. Во реално време од 11.6 часот се забележува како возило БМВ заминува од Карпош кон Центар. По една минута се гледа како Стојанче доаѓа пеш и застанува со Ивана на тротоарот пред училиштето. По една минута Стојанче ја удира Ивана силно по лицето, Ивана се повлекува и се затресува. Продолжуваат да се расправаат, Ивана се држи за лицето и седнува на оградата. Во 11.09 минути Ивана станува, се држи со едната рака по лицето, продолжуваат да се расправаат. По 1 минута се гледа како доаѓа возило БВМ, во сопственост на Мартин Саздов. Тој излегува, па сите тројца стојат до возилото и разговараат. Потоа Стојанче повторно ја удира Ивана со десната рака со шлаканица од десната страна од лицето, а нејзината глава се трга на страна од силината на ударот. Мартин застанува меѓу нив и го тргнува на страна Стојанче. Го фаќа за рацете за да престане да ја удира. Стојанче е видно вознемирен и зборува, објаснува нешто. Продолжуваат да разговараат, Стојанче прави некакви гестикулации, а Мартин повторно застанува меѓу нив. Но, Стојанче повторно ја удира Ивана со десната рака, со шлаканица по десната страна на лицето. Мартин се обидува да го оттргне Стојанче. Продолжуваат да се расправаат. Стојанче е видно агресивен, мафта со главата и нешто држи во рацете, најверојатно телефон. Потоа се качуваат во возилото. Ивана се обидува да влезе во возилото, а Мартин се обидува да ја спречи. Но, Ивана му ја трга раката, го бутка и влегува во возилото на задното седишта. Потоа тој низ отворена врата нешто ѝ зборува. Стојанче седнува напред, на совозачкото седиште. Во 12.07 часот возилото тргнува кон улицата Лондонска, односно, во насока кон студентскиот дом „Гоце Делчев“ – рече обвинителката.
Таа изведе докази и од камерите на Сејф сити.
– Се презентира пдф фајл, каде се гледа движењето на БМВ-то на 2.3.2026 година – рече обвинителката и презентираше каде се движело возилото на сведокот Мартин Саздов на критичниот ден.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
