Две лица го загубија животот, а петмина се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман, кај селото Радобил, соопшти Основното јавно обвинителство Прилеп.
Според првичните сознанија, до несреќата дошло при претекнување и судар на два автомобили кои се движеле во иста насока. Едно од загинатите лица е возачот на едниот автомобил.
На местото на настанот извршил увид дежурен јавен обвинител, кој издал наредби за прибирање на траги и докази, како и за изработка на сообраќајно и машинско вештачење на возилата.
Врз телата на починатите ќе биде извршена обдукција, додека кај преживеаниот возач ќе се испитува евентуално присуство на алкохол или други психоактивни супстанции.
Од обвинителството информираат дека се преземаат сите неопходни дејствија за целосно утврдување на причините за несреќата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
