Фудбалските клубови Вардар и Црвена звезда ќе одиграат хуманитарен натпревар в среда, 16 април, од 20.00 часот во Скопје во чест на трагично загинатите во пожарот во Кочани, а на гореспоменатиот натпревар ќе присуствуваат и ветерани на Црвена звезда.
На хуманитарниот натпревар во Скопје ќе настапат и легендарните фудбалери на Црвена звезда, како Станислав Караши, Владимир Петровиќ Пижон, Илија Најдоски, Дарко Панчев, Бошко Ѓуровски, Недељко Милосављевиќ, Здравко Боровница, Цвијетин Благојевиќ, Жарко Ѓуровиќ, Санибал Ораховац, Владислав Мирковиќ, Драги Канатларовски, Драган Мрѓа, Душко Тошиќ, Горан Попов…
Ветераните на Црвена звезда ќе излезат на теренот на полувремето од натпреварот и ќе истрчаат почесен круг, а претходно ќе се дружат со ѕвездите во фан-зоната од 17.00 до 19.00 часот.
Ве потсетуваме дека сите приходи од натпреварот ќе бидат насочени кон семејствата на загинатите во страшната несреќа.