Топ Вести - Слушај сега
Обвинителите што ја истражуваат страшната несреќа во Романија во која животот го загубија 7 грчки навивачи потврдуваат дека возачот на минибусот седел зад воланот пијан и дрогиран, објавија романските медиуми.
Обвинителите се потпираат на официјалните резултати од Националниот институт за судска медицина кои покажуваат дека возачот консумирал канабис, кокаин и алкохол пред да седне зад воланот.
Истражителите побарале такво токсиколошко вештачење за сите починати, но досега резултатите се добиени само за возачот.
Во врска со хипотезата дека правецот на минибусот бил блокиран од системот „помош во движење во лента“, обвинителите тврдат дека немаат информации што би го поткрепиле ова сценарио.
– Се спроведуваат истраги во однос на сторени кривични дела телесна повреда од небрежност и убиство од небрежност. Во овој случај, Институтот состави извештај за токсиколошка анализа за да утврди присуство на психоактивни супстанции во крвта на возачот. Резултатот потврди присуство на две психоактивни супстанции во крвта, имено канабис и кокаин. Потврдено е и присуство на алкохол. Пронајдени се два плика за кои постои сомневање дека содржат психоактивни супстанции, но сè уште немаме официјални резултати во врска со ова – изјави Берта Серена Константинеску , портпаролка на Обвинителството при Судот во Лугој.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
