Обвинител во Јавното обвинителство побара притвор за 42-годишен скопјанец во чиј дом се најдени писхотропни супстанци и дрога. Полицајците при претресот затекнале и маж на кого осомничениот 42-годишник му овозможил да користи кокаин.
„Во станот во кој престојувал осомничениот на улицата Матеја Матевски во Скопје полицијата пронашла 14,2 грама амфетамин, околу 8 грама кокаин, помали количества марихуана и МДМА (3,4 метилен диоксиметамфетамин)“, соопшти Обвинителството.
Против осомничениот се поднесени пријава за производство и пуштање во промет наркотични дроги и за овозможување употреба на наркотични дроги.