Обвинението против Александар Ѓорчевски е фијаско, тенденциозно, исконструирано и без докази, пишува неговиот бранител Владимир Туфегџиќ до Апелациониот суд во одговор на жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје за ослободителната пресуда на Кривичниот суд, по обвинението дека Ѓорчевски поради користољубие помогнал во грабнувањето на неговата 14-годишна ќерка Вања Ѓорчевска

Lorita
By Lorita
6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Обвинението против Александар Ѓорчевски е фијаско, тенденциозно, исконструирано и без докази, пишува неговиот бранител Владимир Туфегџиќ до Апелациониот суд во одговор на жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје за ослободителната пресуда на Кривичниот суд, по обвинението дека Ѓорчевски поради користољубие помогнал во грабнувањето на неговата 14-годишна ќерка Вања Ѓорчевска.

Вчера навршија две години од грабнувањето и убистввото на девојчето, за што Судот на 25 јуни оваа година ги осуди на доживотен затвор Љупчо Палевски Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев. Казна доживотен затвор добија и за убиството на велешанецот Панче Жежовски (74), извршено на 24 ноември 2023 година во околината на Велес, три дена пред убиството на Вања.

Но, за обвинението за грабнувањето на велешанецот четворицата осудени – беа ослободени, оти ЈО не го докажало тој дел од обвинението.

Туфегџиќ, кој бара да се одржи Јавна седница на жалбениот совет на Апелација, потенцира дека тенденциозноста на Обвинителството Ѓорчевски, меѓу другото, се гледа и во тоа што ЈО не поднесе жалба за ослободувањето на Палевски, Манев, Видевски и на Кешишев за делото Грабнување, туку се жалеле само за таткото.

„Во образложението на пресудата судот резимира дека доказите на Обвинителството се само посредни и не се со доволен доказен капацитет да го потврдат постоењето на кривичното дело и кривичната одговорност на обвинетиот, односно да наметне единствен разумен заклучок дека обвинетиот го сторил кривичното дело. Во оваа насока застапнкот на обвинението потврди дека не поседуваат доказ за директна комуникација помеѓу обвинетиот Александар Ѓорчевски и обвинетиот Љупчо Палевски, поточно конкретен доказ дека Ѓорчевски на Палевски му дал упатства за времето кога детето ќе излезе само од домот за да оди на училиште“, пишува Туфегџиќ во жалбата.

Одбраната, додава бранителот, со предложените вербални и материјални докази докажа дека обвинението е во целост неосновано, неаргументирано, паушално и засновано на претпоставки кои не наоѓаат поткрепа во доказите.

„Неподнесувањето жалба за пресудата за грабнувањето на Жежовски е кулминација на недозволена пристрасност, личен анимузитет и нетрпеливост на застапникот на обвинението кон обвинетиот Александар Ѓорчевски, присутна со нескриена жестина во текот на целата кривична постапка, за кое нешто е доволно жалбениот совет да ги прегледа снимките од судењата. Особено од распитот на обвинетиот, кој по својата суштина не беше распит заради дискредитација на обвинет врз основа на докази, туку распит заради понижување на јавна сцена, пред јавноста, семејството и малолетната ќерка Миња и уривање на секое човеково достоинство и личност на обвинетиот. Тоа е уште еден доказ дека поднесеното обвинение е целосно фијаско, бидејќи клучната теза и теорија на случај застапникот на обвинението не успеа да ја докаже, а тоа е мотивот-користољубие. Не изведе докази од кои може да се извлече логичен заклучок дека таткото Александар со умисла им помогнал на обвинетите за да извршат грабнување на детето Вања, а со намера некој друг-член на нејзиното потесното семејство да присилат да даде парични сретства за откуп“, пишува Туфегџиќ.

Тој додава и дека во прецизираниот обвинителен акт во делот на детето Вања, на обвинетите не им става се на товар убиство од користољубие, туку квалифицирано убиство на малолетно лице, па е нејасна теоријата на докажувањето на користољубието како основен мотив.

Туфегџиќ посочува и дека во завршните зборови самите обвинителки потврдија дека немаат докази со кои се докажува комуникацијата и поврзаноста помеѓу таткото Александар и Љупчо Палевски.

- Advertisement -
Ad image

„Кривичниот суд донесе правична и законита одлука. Обвинителството не успеа да докаже ниту мотив, ниту умисла, ниту било каква комуникација меѓу Александар и групата што го изврши злосторството. Сè што понудија беа претпоставки, лични перцепции и погрешни толкувања на паниката и однесувањето на татко што го бара своето исчезнато дете“, вели Туфегџиќ, повикувајќи се на наводите од поднесениот одговор на жалбата.

Тој потенцира дека и сведоците од МВР изјавија дека немале ниту еден доказ што го поврзува Александар со делото. Признаа дека нивните заклучоци биле субјективни, а не базирани на факти, посочува адвокатот.

Адвокатот истакнува дека доказите во постапката, наместо вина, ја потврдуваат улогата на Александар како оштетен и избезумен родител, кој си го бара исчезнатото дете.

- Advertisement -
Ad image

„Тој е жртва во целиот трагичен настан. И тој, и мајката, и нивното семејство. Обвинението неправедно го претвори неговиот очај во сомнеж“, вели тој. објави Скопје1.мк

Адвокатот завршува со став дека јавната седница е неопходна, за јавноста да ја чуе вистината без шпекулации и погрешни интерпретации.

„Граѓаните заслужуваат да видат дека правдата не смее да биде жртва на сензационализам. Александар е невин човек. Очекувам Апелација да го потврди тоа.“

Share This Article