Облачно време со услови за слаб дожд во источните делови ја одбележува денешната прогноза, додека температурите ќе се движат до 17 степени.
Според Управа за хидрометеоролошки работи, претпладне во источниот дел од земјата ќе има локален слаб дожд, а во текот на денот времето ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде од 0 до 6 степени, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, утрото ќе има услови за слаб дожд, по што ќе следува променливо облачно време со кратки сончеви периоди. Температурата ќе се движи од минимални 5 до максимални 16 степени, со слаб до умерен северен ветер.
Од УХМР најавуваат дека утре и задутре времето ќе биде постабилно, со повеќе сончеви периоди. Од вторник, пак, следува нова промена со претежно облачно време и врнежи од дожд, најпрво во западните и северните делови, а потоа и низ целата земја. Во среда и четврток се очекуваат слаби врнежи, кои во четврток ќе бидат пообилни, со услови за ретки грмежи.
До четврток ќе дува југоисточен ветер, кој во понеделник и вторник повремено ќе засилува и ќе достигнува брзина до 50 километри на час.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
