Топ Вести - Слушај сега
Силна снежна бура предизвика целосен колапс во Поморските Алпи, во италијанскиот регион Пиемонт.
За само 24 часа, во некои области падна до еден и пол метар нов снег, со што вкупната висина на снежната покривка на повисоките предели достигна неверојатни 3 метри.
Сцените од теренот се драматични – автомобилите буквално исчезнаа под наносите, а жителите, како што објавија локалните медиуми, се принудени да копаат тунели за да стигнат дури и до влезните врати на своите домови.
Едно од најпогодените места е познатиот скијачки центар Прато Невосо, сместен на 1.480 метри надморска височина, кој буквално исчезна под снежна покривка по повеќе од 48 часа континуирани врнежи од дожд. Сите пристапни патишта до областа се уште се блокирани, а ситуацијата е сè уште многу сериозна.
И покрај хаотичните услови и огромните количини снег, засега нема извештаи за повредени или смртни случаи.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖