Топ Вести - Слушај сега
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска изрази загриженост поради тоа „што не се почитувало меѓународното право“ кога е во прашање американското апсење и одведување на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, пренесе неговиот портпарол.
Гутереш смета дека американската операција претставува „опасен преседан“, поради што „ги повика сите актери во Венецуела да се ангажираат во инклузивен дијалог со целосно почитување на човековите права и владеењето на правото“.
Јужноафриканската Република повика Советот за безбедност на Обединетите нации, телото задолжено за одржување на меѓународниот мир и безбедност, итно да се состане за да се ангажира околу оваа ситуација.
„Властите на нашата земја оваа акција ја сметаат за очигледно кршење на Повелбата на Обединетите нации, со која се налага сите држави членки да се воздржат од закани или употреба на сила кога се во прашање територијалниот интегритет или политичката независност на која било држава“, соопшти владата на ЈАР.
Tagged as:
Обединетите нации загрижени од нападот врз Венецуела и заробувањето на Мадуро
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖