Топ Вести - Слушај сега
Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права Фолкер Тирк, денеска, на итна седница на Советот на ОН за човекови права во Женева ги повика иранските власти да запрат со репресијата врз учесниците во антивладините протести.
Тирк изјави дека илјадници луѓе, меѓу кои и деца, биле убиени во, како што ја нарече, „бруталната репресија“ на иранските власти врз антивладините демонстрации.
– Ги повикувам иранските власти да ја преиспитаат својата одлука, да се повлечат и да ја запрат бруталната репресија – рече Тирк.
Тој ја оцени репресијата како „образец на потчинување и прекумерна употреба на сила, кој никогаш не може да ги реши незадоволството и фрустрациите на луѓето“.
Според активисти, бројот на жртви во сузбивањето на протестите низ Иран достигнал најмалку 5.002 убиени, при што се стравува дека реалниот број на загинати е поголем, особено поради прекинот на интернетот во земјата кој трае повеќе од две недели.
Според податоците на организацијата „Активисти за човекови права“, меѓу загинатите има 4.716 демонстранти, 203 лица поврзани со владата, 43 деца и 40 цивили кои не учествувале во протестите. Истата организација соопшти дека повеќе од 26.800 луѓе биле приведени во рамки на масовна кампања на апсења.
Иранските власти на 8 јануари речиси целосно го прекинаа пристапот до интернет и меѓународните комуникации, што значително ја отежнува проверката на информациите од земјата.
Иранската влада во средата соопшти дека во немирите загинале 3.117 лица, наведувајќи дека меѓу нив има цивили, припадници на безбедносните сили и, како што тврди, „терористи“.
Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската морнарица се приближува кон Иран, споредувајќи го распоредувањето на силите со „армада“. Според наводи на официјални лица од американската морнарица, САД го пренасочиле носачот на авиони УСС „Абрахам Линколн“ и придружните воени бродови кон Блискиот Исток, кои моментално се наоѓаат во Индискиот Океан.
Трамп изјави дека САД ги преместуваат бродовите „за секој случај“ и му се закани на Иран со силна воена акција доколку ситуацијата ескалира, наведувајќи дека таквата акција би ги направила претходните американски напади „безначајни“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
