Background

ОБДУКЦИЈАТА ТРЕБА ДА ЈА ОТКРИЕ ПРИЧИНАТА ЗА СМРТТА НА ДОЕНЧЕТО ВО КАВАДАРЦИ

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) информира дека денеска спровел вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци по добиена наредба од министерот за здравство, а во врска со третманот и лекувањето на доенче У.М на оделот за педијатрија во таа здравствена установа, кое почина 14 јануари.

- Advertisement -
Ad image

Од ДСЗИ наведуваат дека со оглед дека во тек е патоанатомска обдукција, точната причина за смрт ќе произлезе од извештајот по нејзиното завршување.

„Согласно надлежностите, од увидот на медицинската документација и здравствена евиденција констатирано е дека доенчето У. М старо два и пол месеци, родено на ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство Скопје било донесено на оделот за педијатрија во болницата на 12 јануари со упат од матичен лекар заради чести повраќања (четири до пет во тек на 24 часа) и поспаност. На прием тоа е прегледано од специјалист педијатар и назначени се биохемиски иследувања, поставена е дијагноза R11 (гадење и повраќање). На прием тоа било без покачена температура, со висока сатурација, свесно, реагира на дразби. Вклучена инфузиона терапија. За време на болничкиот престој вклучена била и исхрана преку уста со адаптирано млеко на секои два часа. На ден 13.01.2026 состојбата на доенчето е стабилна и е афебрилно“, посочуваат од ДСЗИ.

На 14 јануари повторена е анализа на урина и добиен е уреден наод.

„На визита спроведена во 15.30 часот истиот ден здравствената состојба била стабилна, а во 20:48 часот дежурниот лекар бил известен од сестрата на оддел и мајката дека доенчето не дише по што веднаш било префрлено во соба за интервенции. Констатирана е генерализирана цијаноза и отпочнато е со реанимација од страна на педијатарот и специјалист анестезиолог по протокол која траела 40 минути, но без одговор. Во извештајот како основна причина за смрт од анестезиологот е наведена ‘ненадејна смрт на доенче’. Случајот е разгледуван и на стручен колегиум и од страна на Комисијата за квалитет“, наведуваат од ДСЗИ и додаваат дека иницираат до министерот за здравство да се формира комисија за стручен надзор.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation