НСДП вчера во Скопје одржа седница на Централниот одбор на која беа разгледани активностите на партијата кои се преземаат во пресрет на претстојните локални избори.На седницата беше донесена одлука дека партијата на претстојните локалните избори во октомври оваа година ќе настапи како дел од Коалицијата предводена од СДСМ.
Беше констатирано дека општинските организации на партијата кадровски и оперативно се целосно подготвени да го дадат својот придонес за успешна промоција на програмата и на кандидатите за градоначалници и советници од Коалицијата предводена од СДСМ, со цел освојување на довербата на граѓаните и постигнување на успех на изборите.
Исто така, НСДП ја отпочна внатрепартиската постапка за евидентирање и утврдување кандидати за градоначалници и советници во советите на општините и градот Скопје, обезбедувајќи транспарентна, легитимна и демократска внатрепартиска процедура, за да се дојде до најприфатливи кандидати од НСДП кои имаат најголеми шанси за успех на изборите.